Германскиот репрезентативец, Џулијан Дракслер се наоѓа во центарот на вниманието на спортската јавност поради секојдневните шпекулации дека до крајот на трансфер периодот ќе го напушти ПСЖ.
ПСЖ ова лето беше многу активен на пазарот, а доволно говори фактот дека овој тим потроши дури 400 милиони евра за два играчи. За 222 милиони евра пристигна Нејмар, додека во секој момент се очекува да биде потврден трансферот на Килијан Мбапе кој би требало да биде платен околку 180 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нејмар и Мбапе играат токму на позицијата која игра и Дракслер, па веднаш се појави приказна дека за германскиот играч повеќе нема место во тимот на ПСЖ. Иако Дракслер на почетокот на оваа година пристигна во Париз, изгледа дека по само осум месеци ќе го промени клубот.
Меѓутоа, селекторот на германската репрезентација, Јоаким Лев тврди дека Дракслер и понатаму ќе остане член на клубот од „Паркот на принцовите“, иако Мбапе треба да пристигне во следниве денови. Лев изјави дека од сигурни извори знае дека ПСЖ дури не ни размислува за продажба на Германецот.
„Знам дека ПСЖ не сака да го продаде Дракслер, бидејќи во клубот се свесни дека тој е одличен играч. Со заминувањето во ПСЖ одлично напредуваше и сигурен сум дека ќе продолжи така. Конкуренцијата е многу силна, но тој е борец и нема така лесно да се откаже“, изјави Лев.