Дома Фудбал Англија Јирген Клоп објасни зошто никогаш не носи одела на натпреварите

Јирген Клоп објасни зошто никогаш не носи одела на натпреварите

Ливерпул почнува да ги собира „плодовите“ од револуцијата на Јирген Клоп која ја започна пред четири години кога пристигна на „Енфилд“.

Минатата сезона Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, а на стартот на оваа се функционира одлично со оглед на тоа дека „црвените“ имаат максимален учинок во Премиер лигата и веќе се на плус пет во однос на Манчестер Сити.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Секако најголеми заслуги за ваквиот Ливерпул и враќањето на клубот помеѓу европската елита има Јирген Клоп.

Харизматичниот стратег на многу емотивен и страствен начин го води клубот во секој натпревар. Клоп е препознатлив и по тоа што во натпреварите не носи одело, туку се појавува во клупската оперма. Сега објасни зошто е тоа така.

„Имам одела и нив ги користам само за свадби, погреби и ситуации каде што ќе ми биде кажано дека морам да облечам одело. Не се чуствувам опуштено во одело. Поради краватата не можам да дишам нормално. Затоа не сакам да ги носам на натпреварите. Среќен сум што можам да носам нешто во кое можам да скокам. Создаден сум за тоа. Кога сум покрај аут линијата не е важно дали јас изгледам добро, важно е тимот да изгледа добро на теренот“, порача германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…