Репрезентацијата на Македонија денес доби тежок ждреб во баражот за Мундијалот во Катар.
Во полуфиналето ќе се сретнеме со Италија, додека со евентуален пласман во финалето ќе гостуваме на Италија или Турција. Коментар и свое мислење за ждребот за нашиот сајт даде репрезентативецот Адис Јаховиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Добивме многу силен противник, европски шампион. Имавме можност да добиеме полесни репрезентации како Шкотска, Велс…Италија е навистина квалитетна репрезентација, во последно време играат навистина добро и не за џабе се европски шампиони. Сепак, од друга страна ние ќе излеземе на терен ќе дадеме се од себе. И тие се луѓе од крв и месо. Нема да се предадеме ќе напраивме се за добар резултат и пласман во финалето. Секако дека и финалето нема да биде лесно против Турција или Португалија, но што е тука е“, ни изјави Јаховиќ.
Фото: ФФМ