Поранешниот холандски фудбалер Јап Стам после година ипол се раздели со Ридинг, објави на официјалниот сајт овој клуб.
Ридинг под водство на Стам во последниот период бележеше очајни резултати и моментално се наоѓа на 20. позиција во Чемпионшип, а цехот за лошите резултати, по обичај, ги плаќа тренерот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во клубското соопштение на кое се потпишале челниците на клубот е наведено дека Стам добил повеќе шанси да ја врати ситуацијата, но едноставно веќе не било како што треба и одлуката за раскин на соработката е најдобра во овој момент.
„Сакаме да му се заблагодариме за работата и посветеноста на клубот, посебно на се што направи во првата сезона со тимот. Му посакуваме се најдобро.“ – соопштија од Рединг.
Во досегашната тренерска кариера Стам имаше прилика да работи со вторите тимови на Ајакс и Зволе.
Во овој момент не е познато кој ќе го предводи Рединг до крајот на сезоната.