Вест Хем започна преговори со Аднан Јанузај, пренесуваат медиумите на Островот.
27-годишниот Јанузај е слободен агент откако му истече договорот со Реал Сосиедад ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Чеканите“ можат да го доведат без обештетување и веќе се во напредни преговори со неговиот агент.
Дејвид Мојс одлично го познава Јанузај бидејќи го тренираше во Манчестер Јунајтед и во Сандерленд, па верува дека идеално ќе се вклопи во неговиот тим.
Двете страни се блиску до договор и медиумите тврдат дека трансферот ќе се реализира во наредните денови.