Дома Фудбал Англија Јануарска трансфер бомба: Реал Мадрид блиску до реализација

Јануарска трансфер бомба: Реал Мадрид блиску до реализација

После катастрофалната сезона многумина очекуваа дека Кралевите во новата сезона ќе бидат многу подобри, но тимот на Зидан игра со многу променлива форма и не е на очекуваното ниво.

Затоа, Зидан одлучи да бара дополнителни засилувања во јануарскио преоден рок, а како што тврди Марка, скоро сигурно е дека нов член на Реал ќе биде данскиот фудбалер Кристијан Ериксен.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Овој 27-годишен фудбалер има договор со Тотенхем до крајот на сезоната, па првиот човек на клубот Даниел Леви нареди негова продажба во јануари.

Реал е најсериозен кандидат. Тие се спремни да го донесат и веќе се направени првите чекори, тврди Марка.

Преговорите со самиот фудбалер ќе започнат на првиот ден во новата сезона и нема дилеми дека Ериксен ќе донесе нова димензија и свежина во играта на тимот од Мадрид.

Ериксен од 2013. година е член на Спарси, а одигра 277 натпревари и постигна 66 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивач на Реал Мадрид почина за време на Ел Класико

Навивач на Реал Мадрид почина за време на дербито од Ла Лига против Барселона, известува в…