Дома Останати Тенис Јаник Синер го освои Мастерсот во Синсинати

Јаник Синер го освои Мастерсот во Синсинати

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ноќеска го победи Американецот Френсис Тиафо во финалето на турнирот во Синсинати, САД со резултат 7:6 (7:4) и 6:2.

Во меч што траеше 1 час и 38 минути, 23-годишниот Италијанец сервираше 13 аса, направи 2 двојни грешки и освои две 2 брејк топки од 8 шанси.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За светскиот рекет број еден ова е петта титула во 2024 година. Синер претходно ги освои турнирите во Ротердам, Мајами, Хал, како и Австралија Опен.

Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 6,8 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ треба да го прескокне Ролан Гарос и да игра само на Вимблдон!?

Поранешниот британски број еден Грег Руседски смета дека Новак Ѓоковиќ треба да го прескок…