Белгискиот репрезентативец Јаник Фереира Караско призна дека му недостасува играњето во Европа и најави дека наскоро би можела да заврши неговата авантура во Кина.
Караско играше за Монако и Атлетико Мадрид и би можел да се врати во Шпанија веќе во јануари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека Бетис е сериозно заинтересиран за Караско и веќе започнал преговори. Клубот од Андалузија во летото го изненади фудбалскиот свет со трансферот на Фекир, а сега сака да донесе уште една голема ѕвезда.
Сепак, Бетис ќе треба да се избори со големата конкуренција бидејќи за Караско интерес покажуваат уште Арсенал и миланските клубови.
„Ми недостасува Европа, но јас имам договор во Кина. Во последните денови од преодниот рок клубот не дозволи да си заминам. Сепак, јас се надевам дека ќе можам да го направам тоа наскоро и нешто поконкретно ќе се реализира“, истакна Караско.
Dopo Fékir, il Betis punta a un altro colpo: Carrasco ?https://t.co/2J5MtVygHu
— Goal Italia (@GoalItalia) December 13, 2019