Ламин Јамал кој на 13. јули ќе наполни 17 години и игра одлично на Европското првенство во дресот на Шпанија порача дека не сака да биде споредуван со Лионел Меси.
Јамал имаше добри настапи во дресот на Барселона во текот на сезоната, а таквата форма ја пренесе и во репрезентацијата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се пишуваше дека Барселона сака да му ја даде „десетката“, но Јамал наводно ја одбил бидејќи не сакал да си создава притисок со бројот кој во Барселона има голема тежин.
Сега пред новинарите порача дека не сака да го споредуваат со Меси.
„Не ме споредувајте со Меси, тој е најдобриот во историјата, неверојатно е тоа што ме ставате во иста реченица со таков фудбалер, со него никој не може да се спореди, а не пак јас кој само што ја започнав кариерата. Ако остварам половина од неговите успеси јас би бил задоволен“, изјави младиот Јамал.