
Бразилскиот фудбалер Даглас Луис беше во центарот на вниманието откако беше забележан во ноќниот клуб „Pick Up“ во Торино, неколку часа по тежок пораз на неговиот тим од Аталанта со резултат 0-4.
Последен пат „Старата дама“ загубила дома во првенството со четири гола разлика во октомври 1967 година од градскиот ривал Торино со ист резултат. Луис, кој моментално е повреден, се забавувал со пријатели. Неговото однесување предизвика незадоволство меѓу навивачите на Јувентус.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Некои искажаа своето незадоволство на социјалните мрежи, сметајќи го неговото однесување како непрофесионално. Бразилскиот 26-годишен плејмејкер пристигна во Јувентус од Астон Вила минатото лето за 51 милион евра. Досега има одиграно 22 натпревари и собрал 795 минути на теренот. Се смета за еден од најскапите промашувања во историјата на клубот.
Роден е на 9 мај 1998 година во Рио де Жанеиро. Кариерата ја започна во младинската академија на Васко да Гама, а подоцна во 2017 година се приклучи на Манчестер Сити. Меѓутоа, никогаш не заигра за првиот тим на Сити поради проблеми со добивање на работна дозвола.