Матео Ковачиќ уште од летото 2015. година го напушти милански Интер и ги засили редовите на мадридски Реал.
Сепак, не се наигра баш во шпанската престолнина, едноставно немаше место за него покрај сонародникот Модриќ и Тони Крос, оваа сезона ништо не се промени, запиша шест настапи во првата постава, во осум наврати во игра влегуваше од клупата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Коријере дело Спорт“ пренесува дека Рома е заинтересирана хрватскиот фудбалер да го види во своите редови.
Сосопственикот и претседателот на „Волчицата“, Џејмс Палот како што се наведуваше дека направил разговори со Мадриѓаните околу Ковачиќ, а познато е дека екипата би можела да посредува и околу голманот, Алисон Бекер, кој високо е котиран на листата желби на Реал.
Сепак, спортскиот директор на Рома, Мончи не сака да го вклучи Алисон во било каква приказна врзана за Ковачиќ, со оглед на тоа дека се верува дека за услугите на бразилскиот чувар на мрежата може да добие голема сума на пари.