Анхел ди Марија не е задоволен од својот статус кој го има во Пари Сент Жермен и јавно го призна тоа.
Аргентинецот после синоќешниот натпревар против Стразбург, во кој беше еден од најдобрите изјави дека би сакал повече да игра.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Среќен сум во Париз, но не и со тоа како се одвива сезоната за мене. Би сакал повеќе да играм. Сепак, благодарен сум за минутите кои моментално ги добивам бидејќи успевам да докажам дека сум спремен да бидам во стартниот тим“, истакна Ди Марија.
„Правам се за да го докажам тоа, сакам да играм. Знам дека тренерот е тој кој носи одлуки. Вистина е дека кога некој не е задоволен од својот статус, тој мора да игра за да докаже дека заслужува место во стартниот тим“, додаде Аргентинецот.
Се очекува ПСЖ да продаде неколку фудбалери во јануарскиот преоден рок, поради финансискиот фер-плеј, а еден од нив би можел да биде токму Ди Марија.