Давид Силва со години наназад е голема ѕвезда на светскиот фудбал.
Овој 33 годишен фудбалер полека доаѓа до залезот од кариерата, а и покрај бројните трофеи една негова желба оствари дури вчера после натпреварот против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На натпреварот на градските ривали вчера присуствуваше легендарниот дански фудбалер, Михаел Ландруп, кој бил идол на Силва од детството.
Силва имаше голема желба да го запознае Ландруп, а таа желба на крајот и му се оствари. Ѕвездата на Манчестер Сити после натпреварот се фотографираше Ландруп и така на 33 години ја исполни својата голема желба.
Starstruck II. ‘Mr Laudrup, David Silva wants to meet you’, kom der en City-mand og sagde efter kampen. Silva ville såmænd bare gerne have et billede med sin barndomshelt? pic.twitter.com/hv2ZW30vu3
— Peter Grønborg (@PeterGroenborg) April 25, 2019
Михаел Ландруп заедно со братот Бриан е еден од најголемите дански фудбалери на сите времиња, а во кариерата го носеше дресот на големи европски клубови.
Започна во Брондби, продолжи во Лацио, а играше уште за Јувентус, Барселона, Реал Мадрид, јапонскиот Кобе, кариерата ја заврши во холандски Ајакс.
За репрезентацијата на Данска Ландруп настапи на 104 натпревари и постигна 37 голови, а после кариерата како играч се проба и во тренерските води, но во овој дел од кариерата не се прослави како во играчките денови.
Последен клуб кој го водеше беше катарскиот Ал Рајан, а работеше уште во Свонси, Мајорка, Спартак, Гетафе и Брондби.