Дома Трансфер зона Ѕвездата на Ливерпул се договори со новиот клуб

Ѕвездата на Ливерпул се договори со новиот клуб

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Адам Лалана, ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

„Црвените“ немаат намера да го обноват договорот со фудбалерот, па тој ќе замине како слободен агент, објавија британските медиуми.

31-годишниот Англичанец чии договор со Ливерпул истекува на крајот на сезоната најверојатно кариерата ќе ја продолжи во дресот на „лисиците“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Според медиумите, клучна улога во неговиот избор може да одигра менаџерот на Лестер, Брендон Роџерс. Токму Роџерс го донесе Лалана во Ливерпул во 2014 година.

За Лалана, покрај Лестер интерес покажуваат уште Тотенхем, Арсенал и Вест Хем, но „лисиците“ во моментов се фаворити за неговиот потпис, а некои медиуми тврдат дека веќе Лестер има договор со играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…