Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Ливерпул за 100 милиони евра го купува осумкратниот француски шампион?

Ѕвездата на Ливерпул за 100 милиони евра го купува осумкратниот француски шампион?

Според последните информации фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер Арнолд започнал сериозен проект за купување на француски Нант.

Весникот „Л’Екип“ објави дека таткото на англискиот репрезентативец, Мајкл Арнолд дејствувал како менаџер за интересите на неговите синови преку инвестициска фирма со седиште во Лондон. Ова не би било и првпат Арнолд да инвестира во спортот бидејќи претходно стана малцински акционер во Формула 1 тимот, Алпин.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Наводно, Арнолд бил заинтересиран и за купување на клубови како Сент Етјен и Ле Авр, меѓутоа тие преговори пропаднале. Нант кој е осумкратен француски шампион е во сопственост на францускиот бизнисмен Валдемар Кита кој не е омилен помеѓу навивачите.

Тој е сопственик на Нант од 2007 година и споредп оследните информации има намера да го продаде клубот. Кога е понудата на Арнолд во прашање таа изнесувала 100 милиони евра во кои 80 би биле исплатени веднаш плус 20 преку кредит, а се вклучиле и бонуси од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(Видео) Гвардиола ги загуби нервите: Фудбалскиот свет изненаден поради тоа што го направи Пеп по натпреварот

Њукасл и Манчестер Сити играа синоќа на стадионот „Сент Џејмс“ дерби од 12-то коло на Прем…