Преговорите помеѓу Ливерпул и Лајпциг за Доминик Собоцлај се во финална фаза, тврди еминентниот новинар Фабрицио Романо.
22-годишниот унгарски репрезентативец игра одлична сезона во Бундеслигата, каде на 31 меч постигна 6 гола и запиша 9 асистенции, а Јирген Клоп смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Самиот играч вече има договор со „црвените“ и прави се што е можно да го забрза неговиот трансфер на „Енфилд“.
Во договорот на Собоцлај има откупна клаузула од 70 милиони евра, која важи само до крајот на денешниот ден. Во Ливерпул веруваат дека од утре неговата цена ќе биде уште повисока, па сакаат да го комплетираат трансферот побрзо.
Negotiations between Liverpool and RB Leipzig for Dominik Szoboszlai are very advanced and progressing to the final stages. 🚨🔴⌛️ #LFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 30, 2023
Key points being clarified on the price between the two clubs. No issues on player side.
More to follow. pic.twitter.com/5p9b5PMbny