Ајакс игра феноменална сезона и беше на чекор од финалето во Лигата на шампиони, па многу играчи на овој клуб го привлекоа вниманието на европските гиганти.
Еден од нив е и левиот бек Таљафико за кого европските гиганти се тепаат, но тој реши да му остане верен на Ајакс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот неодамна стави потпис на нов договор и се обврза на верност кон холандскиот гигант до 2022 година.
Меѓутоа, холандските медиуми откриваат дека во неговиот договор има откупна клаузула и тој може да си замине од Ајакс за само 20 милиони евра.
26-годишниот лев бек е мета на многу европски гиганти, меѓу кои Арсенал, Атлетико Мадрид, Интер, Раел Мадрид…
Таљафико ја игра втората сезона за Ајакс, каде што дојде од редовите на аргентинскиот Индепендиенте, па иако неодамна потпиша нов договор, многу е веројатно дека ова лето ќе ја промени средината.
¡Vamos @Nico_Taglia! ???
❌❌❌ is his home! pic.twitter.com/F7uzj8keuW
— AFC Ajax (@AFCAjax) May 3, 2019