Дома Топ вести Ѕвездата на Аталанта пред трансфер во Интер

Ѕвездата на Аталанта пред трансфер во Интер

Интер и Аталанта се во напредни преговори за трансфер на левиот бек Робин Госенс, пренесуваат италијанските медиуми.

Госенс игра фантастично во дресот на Аталанта, а блесна и на ЕУРО во дресот на германската репрезентација.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


26-годишниот Германец има договор со клубот од Бергамо до јуни 2023 година. Поради тоа Аталанта се согласи да го продаде во јануари.

Госенс веќе ги договорил личните услови со Интер, па сега двата клуба ги договараат последните детали.

Германецот е еден од најдобрите фул-бекови во Серија А и го привлече вниманието на многу европски гиганти, па сигурно ќе биде големо засилување за Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…