Првата недела од 2025 година ќе ја одбележат најдобрите светски тенисери кои ќе се вратат на терените. Освен Јунајтед Куп, на 30 декември ќе започнат АТП турнирите во Хонг Конг и Бризбејн, каде што ќе настапи и Новак Ѓоковиќ.
Тој таму ќе започне подготовки за Австралијан опен, а во Бризбејн се враќа за првпат по 2009 година, кога настапи единствен пат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На турнирот во Бризбејн ќе се врати и австралискиот тенисер Ник Кирјос, кој во последните две години одигра само еден меч на турнејата поради повреди на коленото, стапалото и зглобот.
„Бризбејн отсекогаш бил одличен настан и таму имав некои неверојатни спомени, особено кога го освоив во 2018 година,” изјави Кирјос.
Ѓоковиќ и Кирјос нема да учествуваат само во сингл конкуренција, туку ќе ги здружат силите и ќе играат заедно во конкуренција на парови, потврди Австралиецот на својот Инстаграм профил.