Дома Македонски спорт Ѓорѓиев: Дорбњак е искусен борец и се надевам на победа, но најважно е да има квалитетен меч!

Ѓорѓиев: Дорбњак е искусен борец и се надевам на победа, но најважно е да има квалитетен меч!

Македонецот Димитар Ѓорѓиев утре ќе се бори за европска титула против Никола Дробњак и тоа ќе биде главнат борба на евентот во Зворник, Босна и Херцеговина.

Во изјавата пред денешниот натпревар Ѓорѓиев истакна дека посакува победа посебно, затоа што ова за него е нов предизвик на едно повисоко ниво.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„До сега се натпреварував само на аматерско ниво. Ова е моја прва професионална борба и прва шанса за професионална победа и се надевам дека ќе победам. Тој е искусен борец. Мислам дека ќе прикажеме одлична борба за публиката што е најважно. Да има квалитетен меч, а судиите на крајот ќе го прогласат победникот. Првиот пат против него загубив, вториот пат победив пред шест месеци, па затоа ова сега ќе биде финале меѓу нас двајца“, изјави Ѓорѓиев. 

Противник на Ѓоргиев ќе биде домашниот боксер Никола Дробњак. Ѓоргиев и Дробњак ќе се борат за титулата во категоријата „WAKO PRO“ до 81.4 килограми.

Дробњак се надева на предноста на домашниот терен, но сигурно дека Ѓоргиев ќе биде мотивиран за нова титула и победа пред гостинската публика. Настанот ќе се одржи на 3. Јуни во „Салата на Спортови“ во Зворник со почеток од 20:00 часот, пренесот ќе биде на каналот на „Arena Fight“.

Покрај Ѓорѓиев утре своја борба ќе има и уште еден Македонец, а тоа е Бобан Илиоски кој ќе се бори против Хрватот Борна Манојловиќ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…