Дома Македонски спорт Штутгарт од Шалке за Чурлинов бара три милиони евра

Штутгарт од Шалке за Чурлинов бара три милиони евра

На крајот на месецот Дарко Чурлинов треба да се врати во редовите на Штутгарт бидејќи истекува неговата позајмица во Шалке со кој успеа да се врати во најсилната германска лига.

Шалке сака да го задржи македонскиот репрезентативец, меѓутоа тука се прашува и Штутгарт кој има договор со Чурлинов. Сега германскиот „Кикер“ пренесува дека Штутгарт од Шалке за Чурлинов бара три милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Засега не е познато дали Шалке е спремен да ја плати оваа сума, посебно затоа што се најавуваше дека овој тим сака да ги откупи и договорите на Итакур и Донг Ли, како и да доведе лев бек.

Во враќањето на Шалке во Бундеслигата Чурлинов помогна со два гола и седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Левандовски откри кога би можел да замине од Барселона

Искусниот напаѓач, Роберт Левандовски се поврзуваше со заминување од Барселона, но како шт…