Италијанската Серија А е прекината до 3. април. Вчера таа одлука ја донесе Олимпискиот сојуз на Италија заедно со владата во таа земја.
Цела Италија е ставена во еден вид карантин и дозволено на жителите им е само одење на лекар и извршување на обврски кои не можат да се одложат. Според пишувањето на „Ла Република“ за Серија А постојат три можни сценарија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првата е пролонгирање на Европското првенство. Се шпекулира дека би можело да се одигра на есен или за една година подоцна, летото 2021.
Втората опција е одигрување на голем број натпревари во Серија А во последниот месец. Во таков случај би се играле натпревари на два или три дена.
Третото сценарио е да се прекине првенството и да не се игра до крајот на сезоната. Во тој случај Скудетото нема да биде доелено, туку само би се одредиле тимовите кои ќе одат во Европа идната сезона. Од лигата никој не би испаднал, а би влегле првопласираните две екипи од Серија Б и следната сезона би се играла со 22 клуба.