Ставот на клубот е јасен.
Милан е во големи финансиски проблеми, довчерашниот сопственик Јонгхонг Ли го остави вистинска катастрофа на „Сан Сиро“, па „росонерите“ ќе мораат да собираат пари со продажба на фудбалерите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се споменуваше дека клубот потребните финансиски средства би можел да ги обезбеди со трансфер на стоперот, Бонучи кој минатото лето пристигна од Јувентус.
Бонучи за сума од 42 милиони евра го замени Јувентус со Милан и веднаш ја доби капитенската лента, но веројатно добро ќе размислеше дали ќе го избере клубот од Милано доколку знаеше што го чека после само една година.
За неговите услуги интерес веќе покажаа Челзи, Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен, а „светците“ изгледаа како најсериозен кандидат.
Сепак, според последните информации Милан нема да го продава Бонучи доколку самиот фудбалер не побара сам да го напушти клубот.
Во случај фудбалерот да изрази желба да го напушти клубот, „росонерите“ ќе го разберат и нема да му стојат на патот.