Дома Фудбал Што се случува со Атлетико? Најлош старт во ерата на „Чоло“

Што се случува со Атлетико? Најлош старт во ерата на „Чоло“

Диего Симеоне го издигна Атлетико Мадрид до самиот европски врв и стекна легендарен статус меѓу навивачите, но доколку продолжи со слаби резултати, сето тоа брзо ќе биде заборавено.

Имено, статистиката покажува дека во моментов „јорганџиите“ го имаат најслабиот старт откако Аргентинецот го презеде кормилото на клубот во декември 2011 година.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тимот од Мадрид одигра 1:1 на „Местаља“ против Валенсија во првото коло, а потоа оствари тешка победа против Ваљекано дома.. Но со поразот од Селта, Атлетико го запиша најслабиот старт во ерата на „Чоло“, Четирите освоени бода се за два помалку од претходниот најслаб старт од пред две сезони.

Дека тимот игра лошо покажа уште една статистика по вчерашниот пораз. Против Селта, тимот од главниот град не успеа да упати еден прецизен удар во рамките на 90 минути. Тоа не се случило од 2013-та година, кога Атлетико на сличен начин потклекна пред Еспањол (или поинаку кажано – по 1.778 дена).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Енрике незадоволен од игралиштата на Светското првенство за клубови: Топката отскокнува како зајак

ПСЖ со победа против Сиетл (2:0) во последното коло од групната фаза на Светското првенств…