Дома Фудбал Италија Што се случува во Интер? Уште двајца фудбалери побараа трансфер!

Што се случува во Интер? Уште двајца фудбалери побараа трансфер!

Миланскиот гигнат Интер има сериозни проблеми во соблекувалната, откако неколку фудбалери јавно побараа да го напуштат клубот.

Директорот на „нероаѕурите“ Бепе Марота јавно потврди дека Иван Перишиќ побарал трансфер од раководството и сака да го напушти Интер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Проблем е што за него нема конкрентни понуди во моментов, а Интер не сака да го пушти на позајмица, па голема е веројатноста да остане на „Џузепе Меаца“ и да биде надвор од тимот.

Последните информации од Апенините се дека Хрватот не е единствен кој го покажал своето незадоволсво. Имено, Весино и Кандрева не се задоволни од својот статус и сакаат да ја променат средината.

Ова е голем проблем за Интер на само три дена пред затворање на преодниот рок, бидејќи нема да има време да најде адекватни замени.

Поради тоа голема е веројатноста незадоволните фудбалери да останат во Милано, што ќе биде контрапродуктивно за целиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…