Aдриен Рабио во последно време се повеќе е на насловните страни во медиумите.
Овој фудбалер се поврзуваше со Барселона, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Јувентус. Прво изгледаше дека трансферот во Барселона е завршена работа, но потоа тој пропадна. Барселона се откажа од негов ангажман, за во последните неколку денови на големо да почне да се пишува дека има договор со Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јувентус е голем клуб. Точно е, во преговори сме. Секој би сакал да игра во таков клуб“, изјави Рабио пред неколку дена во разговор за „Кориере дело Спорт“.
Беше на чекор од Јувентус, може да се каже и дека имаше договор, но утрово медиумите во Италија и Франција започнаа да објавуваат дека фудбалерот повторно ја покажал својата непрофесионалност.
Рабио покажа дека договорот за него не вреди многу. Наводно, сега тој побарал од одложување на преговорите со Јувентус затоа што од ПСЖ неочекувано му понудиле нов договор.
Францускиот играч за врска во Торино требаше да потпише договор на пет години вреден седум милиони евра по сезона со одредени бонуси, како и награда за потпис вредна 10 милиони евра.
Но, како што споменавме ПСЖ му пондуил нов договор, а Рабио побарал стопирање на преговоритеза да ги види деталите што му ги понудил директорот на клубот од Париз Леонардо.
Reports in France claim Adrien Rabiot asked #Juventus for ‘a cooling-off period’ after Paris Saint-Germain offered a new contract https://t.co/eEy1NOnX4S #PSG #SerieA pic.twitter.com/emGB2J0axB
— footballitalia (@footballitalia) June 26, 2019