Трансферот на Паоло Дибала во Интер во еден момент изгледаше како завршена работа, но засега Аргентинецот се уште е слободен играч и изгледа како да е се подалеку од „Џузепе Меаца“.
Италијанските медиуми се занимваат со тоа што го кочи трансферот. Информациите од Италија се дека Дибала се согласил на плата од пет милиони евра по сезона. „Газета дело Спорт“ пренесува дека причината што се одолговлекува е Ромелу Лукаку.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лукаку беше приоритет и тој пристигна, со него има многу офанзивци во тимот. Наводно, Интер сака прво да се ослободи од Един Џеко и Алексис Санчез, а потоа да ги финализира преговорите со Дибала.
Џеко и Санчез засега немаат понуди кои би ги прифатиле и нивната ситуација не е јасна. Дибала сега се вратил во Торино каде што индивидуално тренира и ја одржува формата до пронаоѓањето на нов клуб, ќе видиме дали тоа ќе биде Интер.