Дома Фудбал Останато Што да се гледа во новогодишниот викенд? Се игра во Италија и Англија! 🎥

Што да се гледа во новогодишниот викенд? Се игра во Италија и Англија! 🎥

Денес први играат италјанците. Четири меча, интересни, ама ништо посебно: Фиорентина – Торино ( ќе биде јако овде, ќе има борба ), Наполи – Монца Џенова – Интер и Лацио – Фросиноне

Сабота: Аталанта – Лече, Каљари – Емполи, Удинезе – Болоња, Милан – Сасуоло, Верона – Салернитана и конечно нешто интересно, Јувентус – Рома. Ова е уствари дербито на колото во Серија А. Јуве е во топ серија и има 12 меча без пораз, девет победи и три нерешени. Значи не играат ништо, се 1:0, 0:1, ама тепаат. На крај победите се бројат нели. Браво. Рома, што да кажам за Рома … многу чудна сезона за нив, ама не им оди лошо. Минатото коло славеа над Наполи и тоа може да биде голем плус за нив. Сега ако успеат да останат непоразени со Јуве ќе фатат залет. Мада, јас мислам Јуве ќе тепа.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ајде сега Англија, Премиер Лига 20-то коло. Во сабота нема ништо посебно: Лутон – Челзи, еј Лутон се разигра – две победи во низа. Оваа ќе биде ГГ. После: Астон Вила – Барнли (треба Астон Вила да тепа), Кристал Палас – Брентфорд (ќе има голови), Манчестер Сити ќе има лесна задача со Шефилд Јунајтед, Вулвс – Евертон ( е тука ќе биде неизвесно) и Нотингем Форест – Манчестер Јунајтед, не знам. Јунајтед може да тепа 0:3, ама може и да изгуби 3:0.

Во недела, на 31-ви значи, пред да се спремаме за Нова година, Фулам – Арсенал и Тотенхем – Бурнемут. Фаворитите тепаат. И на 1-ви (луда работа, на први фудбал еј) и тоа дерби, Ливерпул – Њукасл. Дечки ако имате сила следете. Њукасл падна во формата скрос. Значи седум натпревари, шест порази и една победа имаат … катастрофа. Ама играат добро со фаворитите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…