Дома Топ вести Шпанците убедени: Се спрема голема „чистка“ во Реал – 13 играчи се веќе „отпишани“!

Шпанците убедени: Се спрема голема „чистка“ во Реал – 13 играчи се веќе „отпишани“!

Реал Мадрид ова лето спрема голема чистка во своите редови.

Голем број фудбалери ќе ги напуштат „кралевите“, а „Марка“ најавува дека дури 13 играчи немаат што да бараат во Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Објавени се дури и имињата на фудбалерите на кои Зинедин Зидан наводно нема да смета за наредната сезона и тие скоро сигурно ќе го напуштат тимот.

Тоа се: Кејлор Навас, Регулион, Ваљехо, Тео Ернандез, Себљаос, Џејмс, Одегард, Љоренте, Ковачиќ, Оскар, Бејл, Мајорал, Раул де Томас.

Покрај оваа листа на фудбалери кои се дефинитивно отпишани уште четворица се под знак прашалник и не е познато дали ќе ги гледаме во Мадрид наредната сезона.

Тоа се: Брахим, Иско, Васкез, Маријано…

Секако, позициите на кои играчите ќе заминат ќе бидат доведени нови засилувања. Се очекува доаѓање на голем број ѕвезди во Мадрид, а листата на играчи кои Реал ги посакува е огромна.

Помеѓу потенцијалните засилувања се Миралем Пјаниќ, Пол Погба, Кристијан Ериксен, Ван Де Бек, Лука Јовиќ…Како и Еден Азар кој голем дел од медиумите во Шпанија и Англија веќе го преселија во белиот дрес.

Едно е сигурно Зидан ќе има полни раце работа за да изгради тим кој нема да потфрли после очајната сезона која ја имаа „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…