Според шпанските медиуми, Јаник Караско од Атлетико Мадрид добил зелено светло да ги напушти „јорганџиите“.
Караско практично е во најдобрите фудбалски години (24), но и покрај тоа би можел да направи трансфер во Кина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој Белгиец е одлучен во намерата да го напушти Атлетико Мадрид, а како најконкретен во намерата да го доведе се покажа кинескиот Далиан Јифанг.
Шпанскиот клуб му дозволил на Караско да преговара со Кинезите, а информациите од медиумите во оваа земја говрат дека трансферот наскоро се очекува да биде и потврден. Атлетко како оштета за Караско би добил 30 милиони евра.
Оваа сезона тој одигра 17 натпревари во Ла Лига, постигна три погодоци и запиша четири аситенции.