Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид сака да го засили нападот до завршувањето на преодниот рок, а примарна цел е голгетерот на Лајпциг, Тимо Вернер.
„Дон Балон“ тврди дека „кралевите“ во 21-годишниот Германец гледаат идеално засилување не само за сегашноста туку и за иднината.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вернер блесна во дресот на Лајпциг и во изминатите две сезони постигна 42 гола во сите натпреварувања.
Вернер може да биде идеална замена за Бензема, но и играч кој ќе го предводи нападот во иднина.
До затворањето на преодниот рок во Шпанија остануваат уште две недели, а „кралевите“ наводно се спремни да платат помеѓу 50 и 60 милиони евра за Германецот.