Дома Трансфер зона Шпанците тврдат: Меси веќе од следната сезона повторно во Барселона?!

Шпанците тврдат: Меси веќе од следната сезона повторно во Барселона?!

Шпанскиот „Диарио“ објави дека Барселона има намера на крајот од сезоната која што само што започна да го врати својот најдобар играч во историјата, Лионел Меси.

Меси си замина од Барселона во ПСЖ и францускиот гигант е само неговиот втор клуб во кариерата. Шпанскиот весник објави дека 35-годишниот Меси одлуката за својата иднина ќе ја донесе после Светското првенство во Катар, меѓутоа според нивни информации поблиску е до враќање во Каталонија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ сигурно ќе му понуди нов договор, но Барселона сака да се вклучи во целата ситуација и да го врати Аргентинецот во своите редови.

За можното враќање на Меси во Барселона неодамна зборуваше и првиот човек на Каталонците, Лапорта.

„Се чувствувам должен кон Меси. Сакам да ја заврши кариерата во Барселона и со стоечки овации да го одигра последниот натпревар. Верувам дека може тоа да се случи“, изјави Лапорта.

За разлика од минатата Меси сезонава во ПСЖ започна многу подобро и има три гола на три натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…