Ваљадолид кој пред четири години го купи Бразилецот Роналдо, експресно се врати во Примера после само една сезона во Секунда.




Легендата која е сопственик и претседател на клуб сака својот тим да го засили со двајца искусни фудбалери.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Шпанските медиуми пренесуваат дека Роналдо Назарио во својот тим ги сака двајцата негови сонародници, Дани Алвес на десната бековска позиција и Марсело на левата. Долги години двајцата беа ривали во Реал и Барселона, а сега Роналдо сака да ги направи соиграчи.




Алвес со 42 пехари во кариерата е најтрофеен играч во историјата, Марсело од друга страна го напушта Реал Мадрид после 15 ипол години како најтрофеен играч во клупската историја.