Дома Трансфер зона Шпанците тврдат: Луис Суарез го избрал новиот клуб

Шпанците тврдат: Луис Суарез го избрал новиот клуб

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез ќе ја предводи својата репрезентација на Мундијалот, а после тоа би можел да го промени клубот.

Како што пренесуваат „Марка“ и „АС“, легендарниот Уругваец има неколку понуди, имајќи предвид дека наскоро му истекува краткорочниот договор со Национал, а тој ја прифатил понудата од Лос Анџелес Галакси.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Трансферот би можел да се случи наскоро, поточно од ноември, кога Суарез ќе биде целосно слободен играч.

Во досегашното првенство во дресот на Национал Уругваецот постигна четири гола и ја одржува формата пред Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…