Францускиот репрезентативец, Антоан Гризман се договорил со Барселона и наскоро ќе биде официјализиран трансферот на „Камп Ноу“, пренесуваат шпанските медиуми.
Неколку месеци наназад првиот оперативец на Барселона, Роберт Фернандез и неговите соработници го припремаат теренот за еден од најголемите трансфери во шпанскиот фудбал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатото лето Гризман ја одби понудата на Барселона и потпиша нов договор со Атлетико според кој заработува 20 милиони евра по сезона. Меѓутоа, Французинот се покаа поради таквата одлука, па наводно прифатил значително намалување на платата за да се пресели на „Камп Ноу“.
Откупната клаузула во договорот на Гризман изнесува 200 милиони евра, но до 15-ти јуни таа е „само“ 120 милиони евра, сума која Барселона е спремна да ја плати.
„Кадена Сер“ утрово пренесува дека Гризман веќе ставил потпис на договорот со Барселона и дека челниците на Атлетико Мадрид биле известени дека наскоро ќе биде активирана откупната клаузула.
Трансферот ќе биде официјализиран веднаш после одигрувањето на финалето на Купот во Шпанија, а Гризман на „Камп Ноу“ ќе заработува 17 милиони евра по сезона.
Dalla #Spagna: #Griezmann ha firmato col #Barcellona! Tutti i dettaglihttps://t.co/4lZ3dob3no pic.twitter.com/WABr4g15Q2
— calciomercato.com (@cmdotcom) May 13, 2019