Дома Топ вести Шпанците откриваат: Рамос во последен момент го спречил Модриќ да не направи хаос!

Шпанците откриваат: Рамос во последен момент го спречил Модриќ да не направи хаос!

Лука Модриќ се наоѓа во многу незгодна ситуација. Откако цело лето неуспешно кокетираше со Интер, остана во Реал Мадрид, но може да зажали за таквата одлука.

Моментално тренерот Лопетеги е фокусиран на среден ред кој го сочинуваат Каземиро, Крос и Иско, а за Модриќ се уште нема место во стартниот тим. Беше за очекување Хрватот да не игра на првите два натпревари бидејќи дојде подоцна поради Мундијалот, меѓутоа Модриќ ја грее клупата веќе четири натпревари и не се наѕира враќањето во првиот тим.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Дон Балон“ пренесува драматична приказна и тврди дека Модриќ за малку ќе направел инцидент откако Лопетеги му соопштил дека нема да игра против Џирона.

Неколку шпански медиуми откриваат дека Модриќ за малку ќе направел хаос, па Серхио Рамос морал пред натпреварот да го запре бидејќи Хрватот луто тргнал кон тренерот да бара објаснување зошто не е во првиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Навреди кон Фоден, Пеп вели – недостаток на класа, тоа не е Јунајтед

Дербито на Манчестер не го одбележаа ниту добри шанси ниту убав фудбал. Голови немаше, но …