Дома Фудбал Шпански кардиолог: Аритмијата на Агуеро не би требало да е премногу сериозна

Шпански кардиолог: Аритмијата на Агуеро не би требало да е премногу сериозна

Серхио Агуеро ќе биде најмалку три месеци надвор од фудбалот откако му беше потврден срцева аритмија, во наредниот период ќе се утврдува од каков вид е и поради што се појавила.

Игнасио Фернандез Лопез, шпански кардиолог за „Марка“ посочи дека аргентинската ѕвезда е во најдобри раце и дека случајот со Агуеро не е ист како оној со Ериксен кој колабираше на Европското првенство.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не знаеме уште од каков вид е срцевата аритмија, мене не ми изгледува дека е вентикуларна. Веројатно се работи за супервентикуларна која не е пронајдена на претходните прегледи. Ако се знае дека ја имал 14 дена претходно значи дека не е нешто премногу сериозно“, изјави Лопез.

Агуеро против Алавес беше заменет пред крајот на полувремето откако се пожали на отежнато дишење и болки во градите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марсеј го исфрли рабио од тимот, треба да си бара нов клуб

Тренерот на Марсеј, Роберто Де Дзерби, изјавил пред управата на клубот дека нема повеќе да…