Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Шпанскиот голман за првпат зборуваше за комичниот гол против Хрватска

Шпанскиот голман за првпат зборуваше за комичниот гол против Хрватска

Унаи Симон (24) можеше да биде трагичар за Шпанија на Еуро, на крајот сепак Шпанците ја елиминираа Хрватска и се пласираа во осминафиналето.

Ќе потсетиме Шпанија ја елиминираше Хрватска со победа од 5:3 после продлженија. Откако после 90 минути резултатот беше 3:3. Шпанскиот голман Симон комично киксираше после првиот гол во 20. минута.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Соиграчот Педри му ја врати топката до Симон, меѓутоа таа помина преку ногата на шпанскиот голман и заврши во мрежата. Така Хрватска стигна до водство, подоцна „Фуријата“ го сврте резултатот.

Пред натпреварот од четвртфиналето против Швајцарија во петок Симон за првпат зборуваше за овој гол.

„Ме измачи што тој гол морав да го гледам шест или седум пати. Не можам да најдам објаснување. Не ми сметаше сонцето. Се обидов да ја исконтролирам топката и останав без неа. Тоа е несреќа“, изјави голманот на Билбао.

 Натпреварот против Швајцарија Шпанија го игра во петок во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …