Дома Останати Кошарка Шпанија ја освои бронзата на Евробаскетот!

Шпанија ја освои бронзата на Евробаскетот!

Кошаркарите на Шпанија ја освоија бронзата на европската кошаркарска смотра, откако во малото финале ја победија Русија 93:85.

„Црвената фурија“ не успеа да го одбрани златот од претходните два шампионати, но браќата Гасол денес не дозволија Шпанија да остане без медал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Избраниците на Скариоло водеа цел натпревар, на моменти предноста беше и двоцифрена, но Русија не се предаваше и на три минути до крајот стигна до два разлика.

Но потоа на сцена стапија браќата Гасол, двајцата искомбинираа 51 поен и ја предводеа Шпанија до бронзата. Пау имаше двоен ефект од 26 поени и 10 скокови,а Марк реализира 25 поени.

Кај Русија Швед уфрли 18 поени, но тој речиси и да не играше во второто полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Натпревар на годината: Атомска кошарка на Јокиќ и „бруталниот“ Вембањама – еве ги најдобрите моменти (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија Сан Антонио Спарс со резултат 136:134 во саботата…