Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Шпанија со освојувањето на ЕП заработи вистинско богатство

Шпанија со освојувањето на ЕП заработи вистинско богатство

Фудбалската репрезентација на Шпанија по рекорден четврти пат во историјата ја освои титулата европски шампион, победувајќи ја англиската репрезентација со 2:1 во неделното финале на Олимпискиот стадион во Берлин.

Шпанците поведоа во 47. минута со голот на Нико Вилијамс, а во 73. минута израмни Кол Палмер. Микел Ојарзабал во 86. минута постигна гол за конечни 2:1 и славје на Шпанците.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Така, Шпанците ја освоија четвртата титула во своето петто финале, додека Англичаните вторпат по ред загубија во финалето, бидејќи пред три години беа поразени од Италијанците во пенал рулетот на „Вембли“.

Со освојувањето на титулата, Шпанците заработија вистинско богатство, односно 28,5 милиони евра. УЕФА специјално ги награди секој бод и секоја победа, а Шпанците на импресивен начин стигнаа до златото со сите седум победи, па така го заработија максималниот износ.

Вкупната сума што УЕФА ја определи за сите репрезентации на првенството беше 331 милион евра. Пласманот на турнирот во Германија на секоја репрезентација и донесе по 9,25 милиони евра. Секоја победа изнесуваше еден милион евра, а бод половина милион.

Местото во нокаут фазата вредеше 1,5 милиони, четвртфиналето 2,5, а полуфиналето дополнителни четири милиони. Победата во финалето додаде уште осум на бројот на Шпанците, додека поразената Англија доби пет за настапот во битката за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…