За најдобар играч на Манчестер Јунајтед во сезоната 2016/17 е прогласен Андер Ерера.
Во анкетата на навивачите, Ерера е избран за најдобар играч на „Црвените ѓаволи“ во тековната сезона, додека Антонио Валенсија заврши на второто, а Ибра на третото место.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Голема е честа да се освои оваа награда. Доколку ја видите листата на играчи кои ја освоиле оваа награда, тогаш ќе сватите колку е важно ова“, изјави Ерера за МУТВ.
Претходно оваа награда три пати ја освои Де Геа, но Ерера успеа да ја прекине таа доминација на својот сонародник.
„Секако, исто така го запрев Де Геа, но повторно трофејот останува кај Шпанците“, додаде Херера со насмевка на лицето.
Манчестер Јунајтед оваа сезона ќе ја заврши на 6. место во Премиер лигата, а единствено нешто што може да биде добро од оваа сезона е освојувањето на Лигата на Европа.