Aлберто Морено јавно истакна незадоволство од третманот кој го има кај тренерот Јирген Клоп.
Шпанскиот лев бек одигра само два натпревари оваа сезона и сега во медиумите не го криеше незадоволство од третманот кој го има кај Германецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Искрено не се чуствувам добро. Се повредив давајќи се од себе за овој тим и мислам дека заслужив прилика откако се вратив. Едноставно, не ми се допаѓа како Клоп се однесува кон мене. Размислував за враќање во Шпанија. Сепак, не знам ништо за интересот на други клубови. Тука сум веќе пет години, нема преговори за продолжување на договорот и можам да размислувам за понудите“, изјави Морено за „Кадена Сер“.
Шпанецот на „Енфилд“ пристигна во 2014 година од редовите на Севиља. Досега во Англија одигра 140 натпревари, но на својата конкуренција има голема конкуренција од Ендрју Робертсон кон игра фантастично.