Дома Фудбал Останато Шпанецот од Баерн за новото засилување: Тој е како Манџукиќ, не сакате да играте против него!

Шпанецот од Баерн за новото засилување: Тој е како Манџукиќ, не сакате да играте против него!

Фудбалерот од средината на теренот на Баерн Минхен, Хави Мартинез беше еден од најдобрите фудбалери на гигантот од Минхен кога во 2013 година ја освои Лигата на шампионите, а со доаѓањето на Хејнкес повторно заигра на позицијата во средината која најмногу му одговара.

Мартинез во интервјуто за „Билд“ зборуваше и за новото засилување на Баерн, Сандро Вагнер за кого Баерн Минхен плати сума од 13 милиони евра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Тој многу ме потсетува на Марио Манџукиќ. Секогаш кога играв против него си помислував: Ова ќе биде тешко. Многу повеќе ми е мило што ќе го гледам во дресот на Баерн. Тој е еден од од оние фудбалери против кои не сакате да играте“, порача Мартинез.

Вагнер оваа сезона за Хофенхајм одигра 17 натпревари, постигна шест погодоци и запиша четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Срамен и скандалозен натпревар во најсилната српска лига: Смешни грешки и неверојатни пенали! (Видео)

Фудбалска претстава која повеќе наликуваше на комедија отколку на елитен натпревар се одиг…