Шон Конери, легендарниот шкотски актер кој почина во саботата, ќе биде запаметен најмногу по неговата улога на Џејмс Бонд, но постои момент во неговиот живот, кој можел да го промени текот на неговата кариера.
Имено, медиумите откриваат дека малку недостигало Конери да заврши на фудбалските терените ширум Европа, наместо во Холивуд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Конери играл за Бонириг Роуз, кој е аматерски клуб, па го импресионирал Сер Мет Базби, кој му понудил договор од 25 фунти неделно за да заигра за Манчестер јунајтед.
„Избрав да бидам актер и тоа на крајот се покажа како најинтелигентен потег кој сум го направил во животот“, кажа своевремено Конери.
Sean Connery was offered a Man Utd contract worth £25 a week by legendary boss Matt Busby https://t.co/2eBa43gjUA
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) November 1, 2020