Дома Фудбал Италија ШОК: Милан ќе биде исфрлен од европските натпреварувања?

ШОК: Милан ќе биде исфрлен од европските натпреварувања?

Италијанските медиуми пренесуваат шокантна информација и тврдат дека УЕФА ќе изрече жестока казна за италијанскиот гигант Милан.

Раководството на „росонерите“ го претстави својот финансиски план пред комисија на УЕФА пред неколку месеци, но челниците на Европската куќа на фудбалот тврдат дека Милан не влегува во параметрите на Финансискиот фер-плеј.

До 15-ти јуни сигурно ќе биде изречена казна за италијанскиот гигант, но од Милан стравуваат дека таа може да биде навистина брутална.

Имено, „росонерите“ можат да бидат исфрлени од европските натпреварувања, а тоа значи дека немаа да играат во Лига Европа за која изборија пласман преку Серија А.

Другата казна од која стравуваат во миланскиот клуб е дека УЕФА може да им изрече забрана за трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед во проблеми со младиот Џеј Џеј Габриел

Манчестер Јунајтед се соочува со компликации околу талентираниот Џеј Џеј Габриел, кој не с…