Дома Фудбал Италија Шок за Тонали: Се обложувал и на натпревари на Милан, додека играл за „росонерите“!

Шок за Тонали: Се обложувал и на натпревари на Милан, додека играл за „росонерите“!

Oд ден во ден излегуваат нови информации за скандалот со обложување во Италија, сега се појавуваат нови информации поврзани за Сандро Тонали.

Првиот кој доби суспензија беше Николо Фаџоли од Јувентус кој заработи суспензија од 12 месеци, седум ќе бидат одработени со неиграње на теренот, додека уште пет се претворени во парични казни. Исто така Фаџоли ќе мора да посетува психолог за одвикнување од коцкање во наредните шест месеци.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


На ред сега доаѓаат останатите фудбалери, Сандро Тонали би можел да помине многу полошо додека се потврдат последните информации.

„Газета дело Спорт“ објави дека Тонали се обложувал на натпревари на Милан и тоа додека бил член на „росонерите“. Наводно, тоа не го сторил еднаш туку повеќепати. Единствена олеснителна околност за Тонали може да биде тоа што не се обложувал на конечен резултат.

Но, нема дилеми дека ако се потврдатат ваквите најави Тонали би можел да добие сериозна суспензија и најтешка од сите вмешани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легендата на Реал ги избра најдобрите 11: Ги нема Модриќ, Зидан, Рамос, Касиљас… (Фото)

Поранешниот шпански средишен играч Гути ги одбра најдобрите 11 во историјата на Реал Мадри…