Дома Останати Тенис Шок за Србите: Ѓоковиќ ќе има нови, големи проекти но – надвор од Србија!?

Шок за Србите: Ѓоковиќ ќе има нови, големи проекти но – надвор од Србија!?

И понатаму голема енигма е што ќе биде со Тенискиот центар на 25-ти мај. Ѓоковиќ пред неколку месеци ги врати тениските терени на градот, а од тој момент во нив се само луѓето кои ги одржуваат.

Сега српскиот тенисер повторно зборуваше за своите планови. Ѓоковиќ објасни дека дал предлог на Србија што да прави со тие терени, но не знае дали тоа ќе се случи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тениските центар го вративме на градот, што ќе се случи и кој ќе работи не знам. Јас дадов некој свој пријателски совет тоа да биде национален тениски центар кој веќе 15-20 години наназад стои како голема желба на Тенискиот сојуз на Србија и сите наши тениски работници. Овој спорт кој толку многу и даде на Србија заслужува да има тениски центар, тоа е идеално“, зборуваше Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ размислува неговите проекти да бидат некаде на друго место, можеби и надвор од Србија.

„Се насочувам кон нови проекти во наредните години ќе работам тој план, на друга локација, дали во Србија или не, ќе видиме“, истакна Ѓоковиќ.

Во овој момент еден од најголемите промотори на Србија нема место во својот град каде што може да тренира.

„Кога во прашање е мојата база во Белград, не знам се уште. Претпоставувам дека ќе биде Гемакс салата. Ќе видиме што ќе биде за земјен терен и бетон на отворено. Можеби дури и 25-ти мај, во завиосност кој ќе влезе таму и како тоа ќе се води“, заврши Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…