Премиер лигата го обвини Манчестер Сити за кршење на бројни финансиски правила.
Обвиненијата се однесуваат на финансиските информации во врска со приходите, деталите за плаќањето на менаџерите и играчите, кршење на прописите на УЕФА и соработка во истрагата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Челниците на Премиер лигата документацијата за сите наводни прекршоци кои датираат уште од сезоната 2009/2010 ги проследиле до независна комисија која ќе го истражи целиот случај. Истрагата во Премиер лигата траеше цели четири години.
Доколку се покаже дека обвиненијата се точни, Сити ќе се соочи со бројни финансиски казни. Исто така на актуелниот шампион би можеле да му бидат одземени бодови оваа сезона што би им направило проблем во трката за титулата.
Сити кој освои четири од пет последните титули во Премиер лигата во овој момент е на втората позиција со пет бодови помалку и натпревар повеќе од Арсенал.
BREAKING: Man City charged by Premier Leaue with numerous breaches of financial rules following a four-year investigation.
— Martyn Ziegler (@martynziegler) February 6, 2023
This is unprecedented: pic.twitter.com/ZGzdX210qP