Дома Фудбал Шок за ПСЖ: Мбапе заработи повреда

Шок за ПСЖ: Мбапе заработи повреда

Во ДЕРБИТО од шестото коло во францускиот шампионат, ПСЖ на „Паркот на принцовите“ го победи Марсеј со 4:0. Единствено што може да ја засени победата на францускиот шампион е повредата на првата ѕвезда на тимот и нејзин најдобар играч, Килијан Мбапе, кој мораше да го напушти теренот во 32. минута.

Францускиот шампион поведе веќе во осмата минута со одличниот гол на Хакими од слободен удар, а истиот играч беше најзаслужен за вториот гол на натпреварот. Мароканецот имаше одличен удар во 37. минута, но погоди во рамката од голот, а Рандал Коло Муани ја смести топката во мрежата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од 32. минута ПСЖ играше без својот најдобар играч Килијан Мбапе, кој беше заменет поради повреда на скочниот зглоб. Мбапе се повреди во седмата минута по контакт со Леонардо Балерди, но некако издржа до 32. минута кога беше заменет.

Наместо него во игра влезе Гонкало Рамос кој веќе во 47. минута се запиша меѓу стрелците. Усман Дембеле нафрли, а Рамос со глава погоди за 3:0. Во последните моменти од натпреварот Рамос го постигна четвртиот гол на натпреварот.

Се уште не е познато колку е сериозноста на повредата на Мбапа и колку ќе отсуствува од терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски ја разгледува ситуацијата – има пет серозни понуди на маса

Роберт Левандовски влегува во завршната фаза на договорот со Барселона. На масата има дури…