Дома Македонски спорт Мак ракомет Шок за навивачите на Вардар: Клупската легенда пред потпис со Еурофарм Пелистер?!

Шок за навивачите на Вардар: Клупската легенда пред потпис со Еурофарм Пелистер?!

Нов член на Еурофарм Пелистер наскоро би требало да биде Илија Абутовиќ, ракометарот кој помина седум години во Вардар и прерасна во вистински миленик на скопската публика.

35-годишниот дефанзивец би можел да се врати во Македонија каде што најголемиот успех го оствари со освојувањето на титулата во Лигата на шампионите ос Вардар.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Абутовиќ е блиску до договор со актуелниот шампион РК Еурофарм Пелистер, тврди специјализираниот сајт за ракомет „Балкан Хендбол“.

Српскиот дефанзивец претходните две сезони ги играше за француски Шарт. Пред тоа четири години беше дел од Рајн Некар Левен.

Нема дилеми дека неговото доаѓање во Битола ќе предизвика бурни реакции кај фановите на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…